[:mk]ПРЕДМЕТ „Насилство во Собрание”-оштетени Р.Шеќеринска и З.Заев (К.бр.1330/17)[:]

[:mk]

  • На 12.10.2017 во Основниот суд Скопје 1 Скопје беше јавно објавена и образложена пресудата против обвинетиот П.Арсов, кој беше обвинет за кривичното дело Насилство каде како оштетени се двајца пратеници кои на 27.04.2017 беа во Собранието на Р.Македонија при што едниот од нив се здобил со тешка телесна повреда а другиот со телесна повреда. Обвинетиот беше осуден на казна затвор во времетраење од 4 години, со тоа што му се засметува времето поминато во куќен притвор.
  • Судењето против обвинетиот за сторено кривично дело насилство денеска се одржа пред Основниот суд Скопје 1. Како оштетени во овој процес се 2ца пратеници кои на 27.04.2017 беа во Собранието на Р.Македонија.
    На расправата од 06.10.2017  обвинетиот доброволно и свесно ја призна вината и во целост го прифати обвинителниот акт. Завршни зборови дадоа јавниот обвинител кој изнесе отежнувачки и олеснувачки факти против обвинетиот и побара од судот соодветно да го казни сторителот на делото. Полномошникот на оштетените се приклучи кон завршниот збор на јавниот обвинител и побара од судот да ги упати на парница за имотно-правно барање против обвинетиот.
    Бранителот и обвинетиот дадоа завршни зборови во кои побараа од судот поблага казна, а обвинетиот се извини пред судот на оштетената и на целата јавност за стореното кривично дело. Рочиште за објава на пресудата судот закажа на 12.10.2017 година.

[:]