[:mk]ПРЕДМЕТ „Диво Насеље” – КОК 127/15[:]

[:mk]На рочиштето од 28.07.2017 година во случајот „Диво Насеље“ се продoлжи со давање на завршни зборови од страна на јавниот обвинител. Тој во своите завршни зборови кажа дека неспорно се утврдило дека обвинетите се сторители на делото согласно доказите кои јавното обвинителство ги изнесе против обвинетите и побара од Судот да ги огласи за виновни за делата кои им се ставаат на товар и да ги казни согласно кривичното дело според Кривичниот закон на Р.Македонија а висината на казната остава на судот да ја определи.

Потоа полномошникот на оштетените изјави дека се приклучува во целост на завршните зборови на јавниот обвинител и побара од судот да ги казни, а додека пак за  имотното правно барање да ги упати на парница. Судот ги извести присутните дека по барање на одбраната за спремање на завршните зборови и поради годишните одмори наредните рочишта ќе бидат на 30 и 31.08.2017 година а во септември ќе бидат на 12,14,18,20,22,26 и 28.09.2017.[:]