[:mk]ПРЕДМЕТ “Диво Насеље”[:]

[:mk]На денешната расправа (06.06.17) судот продолжи со произнесување за дополнително предложените докази од страна на одбраната. Во моментите кога судот ќе одбиеше некој од предлозите, обвинетите чии предлози беа одбиени почнуваа да стануваат и да зборуваат, одбивајќи да се смират, по што судијата ги отстрани од судницата. Откако судот се произнесе за најголемиот дел од предлозите, одреди пауза од 30 минути и на присутните им соопшти дека по паузата ќе се произнесе и за преостанатите 3 предлози, но по завршување на паузата, од страна на полицијата која го обезбедуваше судот беше спречен влез на јавноста поради тоа што расправата требало да продолжи зад затворени врати, наводно поради изведување на класифицирани докази. Расправата ќе продолжи на 08.06.17г.[:]