[:mk]КОК-95/16[:]

[:mk]На 10.05.17 во Основен Суд Скопје 1 се одржа главна расправа во раздвоената постапка за еден обвинет кој се терети дека учествувал во настаните во Гошинце и Диво насеље, а која се водеше под референтен број КОК-95/16. На денешната главна расправа беа директно и вкрстено испрашани 4 припадници на полицијата во својство на сведоци на Јавното обвинителство. Испрашувањето се одвиваше според правилата предвидени во Законот за кривичната постапка, иако вкрстеното испрашување се одвиваше со повеќе прекинувања и паузи помеѓу прашањата и одговорите поради тоа што истите директно се внесуваа во записник. На крајот од денешното рочиште, судот ја информираше јавноста дека расправата ќе продолжи на 22.05 со исклучена јавност поради испрашување на загрозени сведоци.[:]