[:mk]Предмет “Диво Насеље”[:]

[:mk]На расправата одржана на 05.05.2017 година за случајот „Диво насеље“ беше испитуван пред Судот последниот од 37те обвинети. Неговото испитување се одвиваше согласно Законот за кривичната постапка. На ова рочиште согласно член 394 од ЗКП јавните обвинители и одбраната ставија предлог за дополнение на доказната постапка. Судот ги извести сите присутни дека рочиштето закажано за 09.05.2017 година нема да се одржи, а постапката ќе продолжи на 11.05.2017 година.[:]