[:mk]РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО: КРИВИЧНО ДЕЛО КОЕ ОСТАНУВА ТОЛЕРИРАНО [:]

[:mk]Некои медиуми го нарекоа „хорор“, некои „грозоморно“, некои „трагедија“. Но, ретки беа јавните гласила кои лани на 10 септември го именуваа убиството во Гостивар со точното име – „фемицид“. Во потесна смисла, фемицид е намерно убиство на жена затоа што е жена. А токму таков беше случајот во Гостивар, кога 67-годишен маж со секира ја усмрти својата 60-годишна сопруга поради „меѓусебно нарушени односи“.

Дали жртвата претходно барала помош? Дали трпела насилство со години? До каде е предметот против обвинетиот убиец? До овие одговори не може да се дојде во моментов, а можеби и никогаш нема да ги разбереме. Како што велат од Основниот суд во Гостивар, јавноста е исклучена од вакви предмети бидејќи се водат како семејно насилство.

Целиот текст можете да го прочитате на следниот линк.

Автор: Гала Насева

Сторијата е изработена во рамки на проектот: „Зајакнување на капацитетите на истражувачките новинари во областите од Поглавјето 23, а со фокус на правосудството“.

[:]