[:mk]ПРЕДМЕТ „Труст“ [:]

[:mk]

  • Денешното рочиште за предметот „Труст“ на Специјалното Јавно Обвинителство продолжи со изведување на докази предложени од страна на одбраната. На денешната расправа беше директно испитувано вешто лице – технички советник од страна на адвокатите на прво обвинетиот во овој случај. Поради друго рочиште закажано во истата судница, ова судење се одложи за 30.01.2018 на кое ќе се продолжи со испитување на истиото вешто лице.
  • Расправата од 14.12.2017 за предметот Труст продолжи со доказната постапка. На истата беше испитуван сведок/вешто лице од областа на финансиите предложен од Специјалното јавно обвинителство. Вештакот беше директно испитуван од јавниот обвинител,а потоа бранителот на 1во обвинетиот го испита вкрстено. Испитувањето на вештото лице од страна на одбраната ќе продолжи на 21.12.3017 година.
  • Денешното рочиште за главна расправа за предметот „Труст“ на Специјалното јавно обвинителство се одржа. Пред отпочнување, одбраната побара рочиштето да се одложи поради немање пристап до доказите и закажување расправа за странките да ги образложат своите докази и да ги истакнат своите приговори во однос на истите. Претседателот на советот донесе решение со кое го одби ваквото барање на одбраната со образложение дека изведувањето на докази ќе следи по воведните говори на странките во постапката каде тие ќе имаат можност во контрадикторна постапка да ги оспоруваат, а согласно Законот за кривична постапка.
    Потоа се пристапи кон давање на воведни говори на Специјалното Јавно Обвинителство, а потоа и на бранителите на тројцата обвинети и на трите обвинети правни лица. Исите беа поучени за своите права во постапката и изјаснување за вина.
    Поради спремање ефективна одбрана и запознавање со доказите рочиштето за доказна постапка се одложи за 21.11.2017 година.
  • Денешната јавна расправа за предметот „Труст“ на Специјалното јавно обвинителство, во кој е поднесен обвинителен акт против 3 лица за кривично дело „Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“ од член 275-в став 3 в.в став 1 од Кривичниот законик на Република Македонија, и обвинителен предлог против 3 правни лица за кривичното дело Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“ од член 275-в ст.4 в.в ст.3 вв ст.1 од Кривичниот законик на Република Македонија, беше одложено по барање на одбраната поради недоставена листа на докази од страна на судот.
    Наредното рочиште е закажано за 14.11.2017 година.

[:]