[:mk]Предмет „300(Триста)“ [:]

[:mk]

  • Пред отпочнувањето на главната расправа на рочиштето насрочено на 28.12.2018, јавноста (согласно законските одредби) беше исклучена поради сослушување на вештак (кој воедно достави и вештачење) во врска со здравствената состојба на обвинетиот и неговата способност да ја следи расправата. Судот дозволи присуство на претставници на Коалицијата како стручна јавност согласно член 355 од ЗКП за време на сослушувањето на вештакот. Откако вештакот се произнесе и даде мислење дека обвинетиот е способен да ја следи расправата, во судницата беа повикани останатите претставници на јавноста. Со оглед на тоа што член на судечкиот совет е преместен во друго одделение согласно годишниот распоред на ОС Скопје 1, расправата беше одложена и истата ќе продолжи на 19.02.2018г., со давање на воведни говори пред изменет состав на судечкиот совет.
  • Денес повторно е одложено рочиштето за предметот „Триста”, каде обвинетиот се товари за злоупотреба на службена положба при набавка на возила за МВР . Причината за одлагање е времето потребно да се анализира доставената медицинска документација за обвинетиот. Следното рочиште е закажано за 28.12.2017 година.
  • Судењето од ден 27.11.2017 година, за предметот ,,Триста”, е одложено за 01.12.2017 година, поради тешката здравствена состојба во која наоѓа обвинетиот. Истиот се појави на судењето и приложи лекарско уверение како доказ за тоа дека прима лекови против болки и терапија против депресија.
    Обвинителката, Фатиме Фетаи, побара обвинетиот да биде прегледан од независен прихијатар кој би утврдил дали тој може да присуствува на расправите. До следното рочиште ќе бидат повикани невропсихијатар и лекар неврoлог кој го отворил боледувањето, а кои ќе треба да дадат мислење за здравствената состојба на обвинетиот.
  • Рочиштето за предметот на Специјалното јавно обвинителство „Триста“ се одложи поради отсуство на обвинетиот.
    Во овој предмет едно лице се обвинува за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување согласно чл.353 ст.5 во врска со ст.1 од Кривичниот Законик на Р.Македонија.
    Наредно рочиште е закажано за 21.11.2017 година.

[:]