[:mk] ПРЕДМЕТ: “Тврдина 2″[:]

[:mk]

  • На ден 08.11.2017 година објавена е пресудата за случајот ,,Тврдина 2,, во која обвинетиот – поранешниот началник на УБК – Горан Грујовски, се теретеше за кривични дела ,,Злоупотреба на службена положба и овластување,, Чл.353 ст.5 в.в. ст.1 в.в. Чл.22 и ,,Фалсификување службена исправа,, Чл.361 ст.1. На истиот изречена му е казна затвор во времетраење од 1 година и 6 месеци, додека останатите обвинети службеници добија условни казни.
  • Пред почетокот на расправата насрочена за 02.11.17, бранителот на обвинетите даде предлог расправата да се одложи на неопределено време, поради тоа што обвинетиот веќе е лоциран и истиот се наоѓа во екстрадиционен притвор по барање за екстрадиција на Министерството за правда, па оттаму не би требало да му се суди во отсуство. На ваквиот предлог се противеше (С)ЈО , бидејќи обвинетиот се уште не е достапен на македонските правосудни органи, а дури и во случај обвинетиот да е обвинет, постапката ќе се повтори во негово присуство. По пауза од 15 минути, судот донесе решение со кое што се одбива предлогот на одбраната, поради тоа што судот оцени дека не постојат законски ограничувања во Европската конвенција и Законот за меѓународна помош во кривичната материја во врска со кривичната постапка кога за обвинетиот има постапка за екстрадиција. Постапката продолжи со изведување на докази во дополнение на доказна постапка, каде јавноста беше исклучена поради изведување на класифицирани докази.
  • Во Основниот суд- Скопје 1, на ден 02.10.2017 година, продолжи процесот за случајот „Тврдина 2“ во кој за уништување 20 илјади списи за масовното прислушување, во отсуство му се суди на обвинетиот ексначалник на Петтата управа во МВР, кој е во бегство. Првообвинет во овој случај е поранешниот началник на  Управата за безбедност и контраразузнавање, како и шест вработени во Управата. Сведоци во случајот „Тврдина 2“ потврдија дека комисија од Петтата управа во тајната база наречена „Брест“ во скопско Петровец уништила материјали кои биле од УБК. За содржината на уништените материјали, кои биле сместени во црни кеси, сведоците истакнаа дека не знаат за што станува збор. Јавноста во неколку наврати беше исклучена од судењето бидејќи пред судот се изведуваа класифицирани документи од УБК.  Поради барање на одбраната и на СЈО за дополнување на доказите, судењето е одложено за 6 ноември.
  • На денешната расправа, еден од бранителите го истакна фактот дека СЈО ги одзело доказите на незаконит начин и воедно се повика на член 197 ст.1 од ЗКП и при тоа од одбраната беше предложено судот да ги одбие декласифицираните докази. Меѓутоа од Специјалното Јавно Обвинителство наведоа дека ваквиот предлог е неоснован, затоа што во надлежност на ЈО е да гони сторители на кривични дела по принцип на начело на легалитет и согласно член 287 од ЗКП истите се прибавени на законит начин. По кратката пауза за одлучување по однос на ваквиот предлог, предлогот на одбраната за издвојување на доказите за декласификација од списите на предметот , како докази прибавени на незаконит начин, беше одбиен од страна на судот, по што судот донесе решение дека доказите на обвинителите се прибавени на законит начин и истите ги прифати и ќе ги земе предвид. Од страна на обвинителството предложено е да бидат испитани и сведоци, кои не се присутни на денешната расправа, па со оглед да немаше услови за продолжување на истата, судењето е одложено за ден 03.05.2017 година.

[:]