[:mk]ПРЕДМЕТ “Поткуп”[:]

[:mk]Пред почетокот на главната расправа одбраната побара доказите добиени со примена на ПИМ „тајно следење и снимање на лица и предмети со технички средства надвор од домот или деловен простор означен како приватен“ да бидат издвоени од предметот, бидејќи истите се направени во деловни простории, за што посочи и пресуди од Европскиот суд за човекови права, како и поради тоа што тие се и јавно објавени, за што веќе постои и судска пракса ваквите докази да бидат издвоени од предметот, посочувајќи на т.н. „бомби“ кои судот ги отфрли како доказ. Јавниот обвинител се противеше на ваквото барање на одбраната аргументирајќи дека доказите не се незаконски прибавени, туку дека се незаконски објавени, што претставува посебно кривично дело кое обвинителството сé уште го истражува. На ова реагираше одбраната која посочи дека на дел претходните расправи реагирале поради тоа што немале пристап до овие снимки, токму поради обвинителството кое истакнало дека доказот го има само во еден примерок, а воедно побараа и одговорност од Јавното обвинителство поради тоа што несоодветно го чувале доказот и дозволиле истиот да биде јавно објавен. Судот ја одложи расправата за 27.09 во 10 часот, како би имало време истиот да донесе формално решение и истото да стане правосилно пред да продолжи расправата.[:]