[:mk]Предмет “Општина Центар”[:]

[:mk]Судење ден 03.05.2017 година

Денешното судење за насилството пред општина Центар за време на протестите е одложено, со оглед да судот констатираше дека не се исполнети законските услови за одржување на главна расправа, поради отсуство на петмина од обвинетите. Имено, констатирано е дека и овој пат немаше писмено образложение за тоа кои се причините отсуство на обвинетите, па со оглед да отсуството не е оправдано, Специјалниот Јавен Обвинител побара на наредното судење, доколку истите не се појават, да бидат приведени. Одбраната на обвинетите се противеше на ваквиот предлог, по што судијката ги задолжи адвокатите во рок од 8 дена да го известат Судот за причините за недоаѓање на денес отсутните лица и да го поткрепат со оправдување.[:]