[:mk]ПРЕДМЕТ: “Насилства од Собрание”[:]

[:mk]Дел од обвинетите за нередите во Собранието, кои се товарат за сторено кривично дело “Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие”, по чл.384 ст.1 од КЗ на РМ, денес беа изведени пред суд и истите, по изнесување на содржина на обвинението, а во присуство на своите бранители, го признаа делото. Нa расправата беа повикани и оштетените службени лица/припадници на МВР и собраниското обезбедување, од кои дел предјавија и оштетно побарување во посебна граѓанска постапка, а дел само се приклучија кон кривичниот прогон. Сите 9 обвинети добија условни казни, при што првообвинетиот поради постоење на претходна осудуваност доби условна казна во траење од 1г. и 6м, која нема да се изврши доколку истиот не стори ново кривично дело во траење од 5г. , додека останатите 8 обвинети, добија условни казни во траење од 6 месеци, кои нема да се извршат доколку обвинетите не сторат нови кривични дела во траење од 1г. и 6м.[:]