[:mk] ПРЕДМЕТ „К-986-16- Левица” [:]

[:mk]

  • Со промена на судечкиот судија во оваа постапка, расправата за предметот започна одново. Со изнесување на содржината на обвинителниот предлог, јавниот обвинител кој остана на истиот обвинителен предлог, направи дополнение во однос на листата на докази и достави на денешната расправа до судот и странките во постапката нов вешт наод и мислење. Со оглед дека на странките им е потребно време да го разгледаат новиот доказ и да се произнесат по него, расправата се одложи за 05.12.2017 година.
  • Со оглед на прекинот во постапката кој траеше повеќе од 90 дена, истата денес започна од почеток. Судијата ги праша страните дали остануваат на претходно предложените докази, по што започна дискусија околу спорниот доказ според одбраната, а тоа е вештачењето за висина на штета кое е направено од страна на оштетениот, а не по налог на ЈО. Судијата рече дека за висината на оштетното побарување ќе се изјасни во текот на постапката, а можно е за истото да ги упати и на граѓански спор. Одбраната поднесе барање за укинување на мерките за обезбедување на присуство- јавување во судот, ЈО се согласи и судот донесе решение за укинување на истите. Потоа расправата се одложи за 10.07.17 во 11:00 часот.

[:]