[:mk]Предмет КОК-79-16-Божиновски[:]

[:mk]Рочиштето од 14.07.2017 година против обвинетиот Божиновски продолжи. Судот најпрво решаваше за притворот на обвинетиот. Јавниот обвинител побара притворот за обвинетиот да укине односно да не се продолжи поради постоење на законски услови,а поради однесувањето на обвинетиот кое било задоволително и примерно во текот на досегашниот процес па согласно ЗКП да се определат други мерки на претпазливост. Судот ваквото барање на обвинителството го прифати и му определи на обвинетиот мерка за претпазливост – обврска да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање.

Наредното рочиште се закажа за 06.09.2017 во 10,00 часот.[:]