[:mk]Предмет КОК-79-16-Божиновски[:]

[:mk]На денешната расправа се изврши испитување на оштетениот/сведок преку видео- конференциска врска, бидејќи истиот веќе долг период престојува во Србија. Поради лошиот квалитет на врската испрашувањето се одвиваше во мачна атмосфера со чести прекини за време на испитувањето, како поради неможноста да се чуе прашањето или одговорот, така и поради прекини на самата видео-врска. За време на испитувањето, обвинетиот беше опоменат поради тоа што доврлаше кога сведокот одговараше, а бранителот на обвинетиот беше опоменат поради реакција на приговор од страна на ЈО. По завршување на испрашувањето, обвинетиот приговараше на исказ на сведокот. Расправата ќе продолжи на 03.07.2017 во 11:30 часот.[:]