[:mk]Предмет “ЗОРАН БОЖИНОВСКИ”[:]

[:mk]Рочиштето закажано на 26.04.2017 година за судењето по предметот КОК-79/16, во кој како обвинет за кривичните дела „Злосторничко здружување“ и „Шпионажа“ се јавува новинарот Зоран Божиновски, се одложи.

Причината за негово одлагање е недостапноста на органите за прогон на сведокот/оштетен во овој предмет. Судот имал сознание дека сведокот се наоѓа во Белград но мора писмено да се обрати до Вишиот суд во Белград. Одбраната останува на истото од претходните рочишта и бара од судот да овозможи конференциска врска за негово испитување. Ваквиот предлог на одбраната беше одобрен од страна на судот.

Следното рочиште за ова судење е закажано за 26.05.2017 г.[:]