[:mk]ПРЕДМЕТ „Диво Насеље” [:]

[:mk]Пред почетокот на главната расправа бранителите на обвинетите побараа изземање на судечкиот совет, јавните обвинители и Претседателот на Врховниот суд поради пристрасно и нестручно водење на постапката, што според нив е очигледно од одбивањето на речиси сите дополнително предложени докази на одбраната. Бранителите беа видно изреволтирани од образложенијата на судот дека најголемиот дел од дополнително предложените докази и сведоци на одбраната не се прифаќаат поради тоа што одбраната требала да си ги обезбеди во претходната постапка. По овие барања за изземање, судечкиот совет се повлече на советување и одреди пауза за време на која судиите разговараа и со јавните обвинители. По завршувањето на паузата судот ја прекина постапката се додека за барањето за изземање не одлучат надлежните органи.[:]