[:mk]ПРЕДМЕТ „Диво Насеље” – КОК 127/15[:]

[:mk]

  • На рочиштето од 02.11.2017 година, судот јавно и усно ја објави и образложи пресудата за предметот „Диво насеље“. Обвинетите во овој процес се теретеа за сторени кривични дела согласно член 394 а став 2 и 394 б став 1 од Кривичниот закон на Р.Македонија. Триесет и тројца обвинети беа прогласени за виновни, а четворица од нив се ослободија од обвинение бидејќи обвинителството во оваа постапка не успеа да го докаже обвинението за нив.
    На седумина од обвинетите им се досуди казна доживотен затвор, на тринаесет обвинети им беше досудено казна затвор во времетраење од 40 години, на шестмина обвинети им се досуди казна затвор во времетраење од 20 години, на еден од обвинетите му се досуди казна затвор во времетраење од 18 години. На двајца обвинети им се досуди казна затвор во времетраење од 14 години, на двајца обвинети им беше досудено казна затвор во времетраење од 13 години и на двајца од обвинетите им се досудија казни затвор во времетраење од 12 години. Согласно член 33 од Кривичниот законик судот исто така на сите странски државјани им досуди и казна протерување на странец, засекогаш, од територијата на Р.Македонија. Полномошникот на оштетените беше упатен во граѓанска парница да го остварува имотно-правното барање.
  • Основниот суд Скопје 2 Скопје објави дека рочиштата за објава на пресудите за предметот Диво насеље се одлагаат за 02.11.2017година по барање на МВР на РМ – БЈБ. Подетално можете да се информирате на веб страната на Основниот Суд Скопје 1 Скопје  http://sud.mk/wps/portal/osskopje1/sud/vesti
  • На рочиштето од 28.09.2017 година се продолжи со давање на завршни зборови на последните двајца бранители на обвинетите. Расправата за овој предмет заврши. Со оглед на обемот на докази и обвинети во овој процес, судот објавата на одлуката ја закажа за 17.10.2017 година.
  • На рочиштето од 20.09.2017 година се продолжи со давање на завршни зборови на одбраната. Тие во своите завршни зборови побараа од судот да донесе ослободителна пресуда со оглед дека јавното обвинителство не успеало да ја докаже основаноста на обвинението. Расправата ќе продолжи на 22.09.2017 година во 8,30 часот.
  • На рочиштето од 30.08.2017 година во случајот „Диво Насеље“ се продoлжи со давање на завршни зборови од страна на одбраната. Тие во своите завршни зборови истакнаа дека неспорно се утврдило дека обвинетите не се сторители на делото. Следното рочиште, на кое ќе се продолжи со давање на завршни зборови, е закажано за 31.08.2017 година.
  • На рочиштето од 20.07.2017 година за случајот „Диво Насеље“ јавниот обвинител најпрво го прецизираше обвинителниот акт. Потоа, постапката се продолжи со изјавување на завршни зборови од страна на јавниот обвинител во кој се осврна на секој обвинет поединечно со изјавување на сите докази кои обвинителството ги поседува против обвинетите,а кои се обвинуваат за сторени кривични дела Тероризам и Терористичка организација од Кривичниот законик на Р.Македонија. Рочиштето за завршен збор ќе продолжи на 28.07.2017 година во 9,30 часот.

[:]