[:mk]ПРЕДМЕТ „Диво Насеље” – КОК 127/15[:]

[:mk]

Расправата по предметот КОК.бр.127/15, во јавноста познат како „Диво Насеље” , на ден 12.06.2017 година беше отворена за јавноста. На денешната расправа за случајот „Диво Насеље“ во тек беше продолжение на дополнение на доказна постапка, каде судот ги презентираше донесените решенија по однос на предложените докази во дополнението на доказна постапка и воедно ги читаше прифатените материјални докази. Дел од доказите беа одбиени, меѓу кои и барањето за изземање, а дополнително на денешната расправа беше доставено уште едно барање за изземање, за кое по 15 минутна пауза судскиот совет донесе одлука истото да биде одбиено. Сведокот кој беше предложен, не беше присутен, по претходно пристигнато известување од негова страна. Поради неговото недоаѓање обвинетите го бојкотираа судењето и еден по еден беа отстранувани од судницата. Откако заврши доказната постапка, судот донесе решение постапката да продолжи односно премине во фаза на давање завршни зборови од страна на ЈО, на ден 10.07.2017 година.

[:]