[:mk]Прва детска амбасада Меѓаши објави апел до родителите, старателите, училиштата и другите установи[:]

[:mk]

Собранието на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ на 26 февруари 2020 одржа седница на која членовите ја изразија загриженоста за ситуацијата со корона вирусот. Тие упатија апел до родителите, старателите, училиштата и другите установи каде се собираат деца, да ги следат препораките од Министерството за образование и наука како и препораките од Министерството за здравство.

Ги охрабруваме властите здравјето на децата да го стават како приоритет! Да се посвети големо внимание на превентивата, особено во образовните установи во однос на средства за лична хигиена, средства за дезинфекција, како и изолација (непримање во образовните установи) деца кои се вратиле од ризичните региони.

Објавата е на следниот линк.[:]