Институционален грант Цивика Мобилитас
01/07/2019Мерката притвор помеѓу домашната и европската пракса
01/11/2019За правда – Следење на спроведувањето на Стратегијата за реформи во правосудството 2019 - 2020
Коалиција „Сите за правично судење“ во партнерство со Хелсиншки Комитет за човекови права на Република Македонија (МХК), Македонско здружение на млади правници (МЗМП), Институт за човекови права (ИЧП), Институт за европска политика (ЕПИ) и Центар за правни истражувања и анализи (ЦПИА) како дел од Блупринт групата за реформи во правосудство ја следи имплементацијата на Стратегијата за реформи во правосудството 2019-2020. Општата цел на проектот е зголемено влијание на граѓанските организации врз процесот на спроведување на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор (2017 – 2022) и зајакнување на независноста и непристрасноста на судството.
Во рамки на проектот, се изготвија и објавија мониторинг брифови, две тематски анализи со оценка на квалитетот и применливоста на донесените закон и мерки за предвидени со Стратегијата за реформа на правосудниот сектор како и беа одржани брифинзи со новинари за актуелни теми од правосудството. Членките на Блупринт групата се редовно вклучени и во работните групи за измени на законите кои се од правосудната област.