„Заробената држава’’ во Северна Македонија – судство, обвинителство, полиција
01/04/2019Институционален грант Цивика Мобилитас
01/07/2019Судско досие
Коалиција „Сите за правично судење” во партнерство со Радио МОФ го реализираше проектот „КСПС Судско досие”, чија цел е подобрување на довербата на граѓаните во судството во Северна Македонија, подобрување на транспарентноста на Основниот суд Скопје 1 и транспарентноста на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), како и да се олесни пристапот до информации поврзани со судски предмети од висок профил за медиумите, истражувачите, учениците и јавноста. За таа цел, Коалицијата создаде под-домен на својата веб-страница (под-страница), каде што ќе бидат објавени најмалку 20 досиеја на кривични предмети од висок профил иницирани од страна на СЈО. Овие досиеја ќе ги содржат сите достапни јавни податоци, како што се резиме на случаи, општи информации, временска рамка, обвиненија, предлози, одлуки и пресуди, како и извештаи за мониторинг на судења, систематизирани во хронолошки и тематски формат, лесен за користење.