eu
Мониторинг на имплементација на меѓународни стандарди за правично судење во рамки на Основен суд Скопје I
01/11/2014
usa
Набљудување на судски предмети од областа на организираниот криминал и корупција според новиот Закон за кривичната постапка за 2015
01/02/2015
ПЕРИОД НА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА
01.2015 - 03.2016
МЕСТО НА ДЕЛУВАЊЕ
Национално

Невладиниот сектор и судството – надзорни активности, интеракции, соработка и комуникации

Почнувајќи од јануари 2015 година Коалицијата “Сите за правично судење” е партнерска организација во проектот “Невладиниот сектор и судството – надзорни активности, интеракции, соработка и комуникации” воден од страна на полската организација ИНПРИС, финансиран од Вишеградскиот Фонд и Министерството за надворешни работи на Република Кореа.

Генералната тема на проектот “НВО и Судството” е надзорни активности (watch dog activities), соработка, интеракција, комуникации и врски помеѓу НВО секторот и судството со специјален фокус на граѓанско мониторирање на судството. Целта на проектот е да се соберат и споделат добри практики во областа на соработка помеѓу НВО секторот и судството, посебно граѓанското мониторирање на судството, со фокус на земјите од Западен Балкан. Граѓанските организации се сe повеќе инволвирани во различни активности поврзани со судството (како и проекти со соработка) и многу од овие активности се различни форми на мониторирање. Целта е да се открие како овие проблематики се адресирани во различни земји. Проектот е поделен на 3 фази – истражување, студиска посета во Полска на сите партнери и работилница во Западен Балкан.

Сите активности имаат улога во формирање на граѓанското општество, јакнење на владеењето на правото и демократијата. Прво, граѓаните преку НВО сектор вршат контрола врз судството преку различни форми на мониторирање. Второ, со самото учество на граѓаните во судските процеси и преку едукативни проекти, НВО сектор го зајакнува судството, помага при зголемување на професионалните капацитети на судиите и ја подржува активноста на судот.

Невладиниот сектор и судството – надзорни активности, интеракции, соработка и комуникации
This website uses cookies to improve your experience. By using this website you agree to our Data Protection Policy.
Read more
en_USEN