
Програма за набљудување на судски предмети во врска со корупцијата во Република Македонија
01/06/2010
Јакнење на националните механизми за заштита на човековите права
01/12/2010Набљудување на судските предмети во кои новинарите се обвинети за кривичните дела клевета и навреда
Во последните неколку години новинарите во Република Македонија се жалат на чести напади на слободата на говор и јавното информирање. Многу често овие напади на новинарите завршуваат во судница со кривична пријава против нив за клевета и навреда. Во извештајот на Европската комисија од 2009 година за напредокот на Република Македонија, состојбата на полето на слободата на медиумите ја опишува како: „Политичкото влијание во медиумите е особено загрижувачко бидејќи води кон самоцензура на новинарите и ограничување на слободата на говор.” За таа цел Коалицијата спроведе проект во кој главната цел е да придонесе кон поголема слобода на медиумите и почитување на слободата на говор во Република Македонија. Една од активностите на проектот е набљудување на судските случаи во кои новинарите се обвинети за кривичните дела клевета и навреда и нивото на почитување на меѓународните стандарди за правично судење, посебно чл. 6 од Европската конвенција за човекови права. Преку овој проект Коалицијата “Сите за правично судење” ќе направи обид за добивање веродостојни информации за гонењето и санкционирањето на новинарите обвинети за клевета и навреда. Во рамки на проектот исто така ќе се направи компаративна анализа на ситуацијата во 2006 година и денес.