Годишна програма за работа на Коалиција „Сите за правично судење“
01/01/2022Независност преку отчетност – следење и проверка на судската одговорност во Северна Македонија
25/06/2024Правна помош и поддршка на Ромите во Република Северна Македонија
Коалицијата „Сите за правично судење“ во соработка со Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико имплементира проект со кој се обезбедува правна помош на Ромите во Република Северна Македонија. Општата цел на проектот е да се даде придонес кон пристапот до правда и заштитата на права на Ромите во Република Северна Македонија. Во рамките на проектот Коалицијата обезбедува директна помош преку правни совети и општи информации на граѓаните. Исто така, сите податоци кои се прибираат од случаите се обработуваат за да се детектираат соодветно состојбите во процесот на пружање бесплатна правна помош и се објавуваат билтени со овие информации. Со овој проект се овозможува да се воспостави соработка преку граѓанските организации за користењето на бесплатната правна помош, како и да се запознаат граѓаните со истата.