Период на имплементација: јуни 2010 – јануари 2011
Основни цели
Главната цел на проектот е преку набљудување на судски предмети и анализа на добиените податоци да се придонесе кон подобра судска ефикасност и исполнување на меѓународните стандарди за фер и правично судење како и да се информира јавноста за казненопоправниот одговор на судството во делот на организираниот криминал и корупцијата.
Проектни активности
- Набљудување на судски предмети во врска со организираниот криминал и корупцијата во РМ
- Организација на дводневна работилница во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители
- Разговори/интервјуа со судиите кривичари
- Изготовка и публикација на аналитички извештај
- Организација на прес конференција со цел презентирање на постигнатите резулатати
Контакт
Славица Димитриевска – Програмски директор
Донатори
Амбасада на САД во Република Македонија
Амбасада на Кралството Холандија во Република Македонија