Период на имплементација: јануари 2008 – декември 2008 година
Основни цели
Идентификација на фактичката состојба преку постојан мониторинг на предметите од областа на трговија со луѓе, посредување во вршење на проституција и криумчарење на мигранти од една страна, како и анализа на проблемите поврзани со правната регулатива и нејзината интерпретација во практиката на судовите во Република Македонија.
Проектни активности
- Набљудување на предмети од областа на трговијата со луѓе
- Интервју со главните актери во постапката (судии, јавни обвинители, адвокати и претставници на МВР), во однос на некои проблеми во текот на постапките
- Подготовка на извештајот за трговија со луѓе и илегална миграција перципирани од главните актери во кривичната постапка