Коалиција „Сите за правично судење“ започна со имплементација на проектот „ Системски мониторинг на кривични судски постапки“ со финансиска поддршка од Фондацијата Отворено Општество Македонија.
Период на реализација: 01.01.2020-31.12.2020
Коалицијата ќе овозможи детален преглед и дијагностика на степенот на судска независност, ефикасност и непристрасност преку прибирање на квантитативни и квалитативни податоци за начинот на имплементација на Законот за кривичната постапка (ЗКП) и стандардите за фер и правично судење поставени со праксата на Европскиот суд за човекови права и неговите толкувања на Европската конвенција за човекови права.
Цели на проектот:
- Да ги поддржи судските реформи насочени кон целосно исполнување на критериумите поставени со Поглавјето 23 преку оценување на ефикасноста на кривичната правда во основните судови и следење на практичната имплементација на процесните гаранции поставени во Законот за кривичната постапка и меѓународно прифатените стандарди за фер и правично судење.
- Да ја зголеми транспарентноста на судовите на институционално ниво преку зајакнување на правото на јавно судење во основните судови, како една од компонентите на стандардите за фер и правично судење.
- Да ја подигне свеста за стандардите на правично судење преку иницирање на јавни дебати и застапувачки активности за надминување на детектираните состојби.
Целни групи:
- Судии, основни судови, апелациони судови, Врховен суд, Судски совет
- Јавни обвинители, адвокати, обвинети, оштетени
- Академија за судии и јавни обвинители, Министерство за правда, Совет за следење на реформите во правосудството, Собрание на РСМ
- Универзитетски професори, претставници на меѓународната заедница (ЕУ, ОБСЕ, Совет на Европа, ООН) медиуми, граѓански организации, останата стручна јавност, општа јавност (сите граѓани)
Проектни активности:
- Одржување на основна и напредна обука за професионални набљудувачи
- Мониторинг на 400 рочишта за главна расправа во основните судови во Р.Северна Македонија
- Работни состаноци со судии, јавни обвинители и адвокати
- Креирање на документи за јавни политики за пропусти во законите и нивната практична примена
- Завршна конференција за промоција на анализата
- Реконструирање на веб страната на Коалиција со цел подобрување на пристапноста за лица со посебни потреби
Очекувани резултати:
- Зајакнати капацитети на Коалицијата за спроведување на мониторинг активности над судството и зајакнати капацитети на правосудните органи во насока на приближување на истото кон критериумите поставени со Поглавјето 23, преку одржување на работни состаноци со засегнатите чинители.
- Утврден степен на примена на процедуралните гаранции поставени со Законот за кривичната постапка и Европската Конвенција за човекови права, во насока на исполнување на критериумите поставени со Поглавјето 23.
- Поттикната јавна и стручна дебата за практичниот перформанс на судовите во кривичните постапки во насока на заштита на законите и правата на учесниците во кривичната постапка, како и за ефикасноста и ефективноста на кривично правните реформи.
- Превенирање на грубо прекршување на правата на обвинетите и избегнување на трошоци за повторување на постапката во најмалку 4 предмети, преку искористување на воспоставениот систем за рано репортирање на детектирани процесни пропусти во набљудуваните постапки.
- Најмалку 10 релевантни чинители (судии, обвинители и/ или адвокати) се запознаени и ги прифаќаат наодите од анализата
Контакт:
Ивана Петковска – проектен координатор
e-mail: ipetkovska@all4fairtrials.org.mk
тел: +389 2 6139874
Донатор:
Фондација Отворено општество – Македонија