Времетраење: 15 (петнаесет) месеци
Проектот се спроведува на локално ниво, преку мониторинг на имплементација на стандардите за правично судење во рамки на работата на Основен суд Скопје I и Скопје II Скопје.
Цели на проектот: Основната цел на проектот се однесува на зголемување на довербата на јавноста во правниот систем и судството, преку идентификување на проблемите во судскиот систем а истовремено и нагласување на потребата за правни и институционални реформи преку кои ќе се обезбеди поголемо почитување на стандардите за правично судење пред домашните судови како и запознавање на јавноста со стандардите за правично судење.
Главни активности:
- Да се анализира работата на Основен суд Скопје I и Скопје II, а посебно во делот на имплементација на меѓународните стандарди за правично судење преку спроведување на мониторинг на избран примерок од 80 судски предмети (40 кривични и 40 граѓански предмети) со цел да се испита примената на меѓународните стандарди за правично судење во текот на судската постапка;
- Подготовка и публикација на аналитички извештај кој што ќе даде еден компаративен преглед на домашната регулатива и законската регулатива на други земји и одредбите од меѓународните документи. Од резултатите и заклучоците ќе бидат дадени препораки за идни решенија кои би придонеле за доследна примена на меѓународните стандарди за правично судење;
- Континуирана ПР кампања за реализираните активности во тек на имплементација на проектот
- Препораки за идни решенија кои би придонеле за доследна примена на меѓународните стандарди за правично судење; Организирање на прес конференција, на која што ќе се презентираат резултатите од проектот;
Преку овој проект Коалицијата “Сите за правично судење” продолжува континуирано да ги следи судските процеси во земјата и на тој начин се запазува долгогодишната практика на мониторинг.
Финансиска поддршка: Делегацијата на ЕУ во рамките на Програмата на ИПА за поддршка на граѓанското општество; Институт за европска политика Скопје.
Контакт:
contact@all4fairtrials.org.mk
abogdanvoska@all4fairtrials.org.mk