Проектот е овозможен со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество.
Времетраење: јуни 2018 – ноември 2020
Целта на овој проект е давање поддршка за подобрување на пристапот и квалитетот до правда со посебен фокус на граѓанските судски постапки и ранливи категории на граѓани (маргинализирани групи и лица со попреченост) во 4те апелациони региони: Скопје, Гостивар, Битола и Штип.
Главните активности на проектот се:
- Мониторинг на имплементација на домашните процесни закони и меѓународните стандарди за фер судење
- Истражување и евалуација на финансиските трошоци и должината на судските постапки
- Истражување и евалуација на условите во судовите кои се од значење за овозможување на соодветен начин пристап до правда особено на ранливите категории на граѓани
- Информирање на општата и стручната јавност (подигање на свеста).
Очекувани резултати од проектот:
- Подобрување на судската ефикасност, траснпарентност и одговорност преку мониторинг на 800 граѓански судски постапки
- Подобрување на економската исплатливост и времетраењето на граѓанските судски постапки
- Проценка на достапноста на судските сервиси за маргинализираните групи на граѓани
- Зголемување на бројот на граѓани кои се обраќаат до Коалицијата Сите за правично судење за правна и судска проблематика
Корисни линкови:
Образец за пријавување на мониторинг на граѓански постапки
Проектот Правен, финансиски и физички пристап до правда во основните судови во Република Македонија е поддржан од Проект на УСАИД за Граѓанско учество.