[googlemaps https://www.google.com/maps/embed?pb=!1m18!1m12!1m3!1d1990.0549938529887!2d21.428565697555964!3d41.99323095396087!2m3!1f0!2f0!3f0!3m2!1i1024!2i768!4f13.1!3m3!1m2!1s0x0000000000000000%3A0xd367872aff144897!2sCoalition+%22All+For+Fair+Trials%22!5e1!3m2!1sen!2s!4v1458579753963&w=600&h=450]
Home / Portfolio / Мониторинг на судски постапки во основните судови во Република Северна Македонија

Мониторинг на судски постапки во основните судови во Република Северна Македонија

Коалицијата на здруженија на граѓани „Сите за правично судење“ го спроведува проектот „Мониторинг на судски постапки во основните судови во Р. Северна Македонија“ со финансиска поддршка од Владата на Република Северна Македонија. Проектот ќе се спроведува во периодот од 01.08.2021 до 31.12.2021 година.

Општа цел:
Поддршка на судските реформи насочени кон целосно исполнување на критериумите поставени со Поглавјето 23 преку оценување на ефикасноста на кривична и граѓанска правда во основните судови и следење на практичната имплементација на процесните гаранции поставени во Законот за кривичната постапка и Законот за парничната постапка како и меѓународно прифатените стандарди за фер и правично судење.

Главни активности:

  • Мониторинг на судски постапки преку физичко присуство во судницата
  • Искористување на механизмот за рано репортирање на детектирани процесни неправилности
  • Активности за подигнување на општата свест за правата на граѓаните во постапките и начелото на јавно судење

Очекувани резултати:

  • Обезбедена јавност на судењата за почитување на меѓународните стандарди за фер и правично судење
    Најмалку 30 граѓани се обратиле до Коалицијата за мониторинг на судски постапки
  • Овозможен мониторинг на кривични и граѓански судски постапки во основните судови во Р. Северна Македонија на најмалку 150 рочишта за главна расправа.
  • Објавени најмалку 5 правни мислења и 1 документ за јавни политики за детектирани процедурални пропусти во набљудуваните постапки како и одредени проблеми со законите или нивната практична примена
  • Најмалку 1000 граѓани се информирани за начелото на јавно судење и можноста да побараат мониторинг на судски постапки преку поставени постери во сите основни судови во Р.Северна Македонија и 1 билборд пред основните судови во Скопје со пораки за правата на граѓаните во судските постапки.

Целни групи:
Основните судови во РСМ, јавно обвинителство, адвокати, институциите од правосудниот систем, општата јавност

Контакт:
Ивана Петковска – проектен координатор
e-mail: ipetkovska@all4fairtrials.org.mk
тел: +389 2 6139874

Донатор:
Влада на Република Северна Македонија

Top