Период на имплементација: декември 2018 – јуни 2021
Од декември 2018 година започна да се имплементира новиот проект Мониторинг и зајакнување на капацитетите на институциите во борбата против организираниот криминал и корупција. Носител на овој проект е Асоцијација за демократска иницијатива (АДИ) од Гостивар, во партнерство со Коалицијата „Сите за правично судење“. Проектот е финансиран од ИПА фондовите на Европската Унија. Главната цел на проектот е да се даде придонес кон работата на институциите во борбата против организираниот криминал и корупција
Специфични цели:
- Да се подобри транспарентноста на Специјалното јавно обвинителство, Јавното обвинителство за гонење на организинран криминал и корупција и Државната комисија за спречување на корупција
- Да се оцени ефикасноста на Основниот суд Скопје 1 Скопје во предметите на организираниот криминал и корупција
- Да се зголеми довербата на јавноста во институциите кои се борат против организираниот криминал и корупција
Активности:
- Мониторинг и евалуација на транспарентноста и пристапноста на институциите кои се борат против организираниот криминал и корупцијата
- Мониторинг на Специјалното јавно обвинителство, Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Државната комисија за спречување на корупција во поглед на јавноста и транспарентноста
- Мониторинг на судски предмети од областа на организираниот криминал и корупција во Основниот суд Скопје 1 Скопје
Целни групи:
- Основен суд Скопје 1 Скопје
- Специјално јавно обвинителство
- Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција
- Државна комисија за спречување на корупција
Проектот е финансиран од Европска Унија