Период на имплементација: август – декември 2013 година
Основни цели
Доближување на работата на полицијата до младите, хуманизација на обостаниот однос и создавање критичка свест за односот со полицијата и органите на редот, а со цел почитување на правната државa и рушење на стереотипите за односот на младите кон полицијата. Запознавање на младите со Законот за малолетничка правда, Законот против прекршоците за јавениот ред и мир и поголемо почитување на човековите права. Целна група се малди активисти на возраст од 16 до 24 години, граѓани на Р. Македонија.
Проектни активности
- Создавање на критична група активисти кои ќе влијаат во својата микро средина на доближувањето на односот на младите со полицијата и обратно;
- Едукација на младата популација и директно влијание во создавањето на критички однос по однос на прашањата од безбедноста, односот со полицијата и Законот за малолетничка правда;
- Темелно информирани и активистички настроени млади од 5 пилот општини, кои ќе ги адресираат проблемите со полициското постапување;
- Подигање на општата свест кај населението за човековите права и слобoди и владеењето на правото;
- Информирање на целокупната јавност преку изработка на соодветни интернет страници и мобилна апликација;
Продукти од проектот
- Обука и едукација на 125 млади од Република Македонија;
- Изработка на апликација за мобилни (паметни тефонии) за односот со полиција, правата и слободите;
- Изработка на интерактивна веб страница, со алатки за краудмапинг
Партнер: Фондација за дебата и едукација ИДЕА Југоисточна Европа Скопје во соработка со дел од организациите членки на Коалицијата
Проектот се спроведува преку Програмата на УСАИД за развој на граѓанското општество
Контакт:
Фросина Дониновска – Проектен координатор
e-mail: fdoninovska@all4fairtrials.org.mk
tel: +389 2 613 9874
Донатори
- USAID
- Фондација Отворено општество – Македонија