[googlemaps https://www.google.com/maps/embed?pb=!1m18!1m12!1m3!1d1990.0549938529887!2d21.428565697555964!3d41.99323095396087!2m3!1f0!2f0!3f0!3m2!1i1024!2i768!4f13.1!3m3!1m2!1s0x0000000000000000%3A0xd367872aff144897!2sCoalition+%22All+For+Fair+Trials%22!5e1!3m2!1sen!2s!4v1458579753963&w=600&h=450]
Home / Portfolio / Мерката притвор помеѓу домашната и европската пракса

Мерката притвор помеѓу домашната и европската пракса

Период на имплементација: ноември 2019 – април 2020

Коалицијата „Сите за правично судење“ започна со имплементација на проектот “Мерката притвор помеѓу домашната и европската пракса” во времетраење од ноември 2019 до април 2020, со финансиска поддршка од Фондацијата Отворено општество Македонија.

Преку вршење увид во правосилно завршени кривични предмети (поточно во барањата и решенијата за определување на мерката притвор) од страна на ангажирани теренски истражувачи регрутирани од базата на набљудувачи на Коалицијата, како и со деск- истражување, (односно преку прибирање на статистички податоци од јавно достапните извештаи на Јавното обвинителство на Република Македонија, како и од извештаите на Врховниот и основните судови во земјата, од меѓународни извори како што се јавно објавените податоци на Советот на Европа, Обединетите нации и Европската Унија, но и други меѓународни невладини организации, а и со испраќање на барања за пристап до информации од јавен карактер до надлежни институции со цел да се овозможи прибирање на податоци кои не се јавно објавени или поинаку достапни,а претставуваат информации од јавен карактер) ќе овозможиме статистички податоци за употребата на мерките за обезбедување на присуство, кои што пак ќе бидат основа за подготовка на финалната анализа од страна на ангажираните правни експерти. Оваа анализа ќе понуди детекција на најчести системски проблеми и проблеми во праксата, дијагноза на причините поради кои се појавуваат овие проблеми во пракса, како и препораки за надминување на детектираните состојби, а со цел исполнување на критериумите поставени во Поглавјето 23.

Општа цел:

Да се влијае на реформските процеси во судството од аспект на употребата на мерката притвор и останатите мерки за обезбедување присуство, а во корелација со препораките на ЕУ и Поглавјето 23.

Главни активности:

  • Tеренско истражување преку вршење увид во правосилно завршени судски кривични предмети
  • Деск – истражување на статистички податоци за употреба на мерките за обезбедување присуство
  • Подготовка на финална анализа
  • Изготвување на промотивни брифови и инфографици
  • Реализација на јавен настан за промоција на наодите и препораките

Очекувани резултати:

  • Изготвена анализа со клучни наоди и препораки
  • Јавна промоција на анализата

Целни групи:

  • Судовите во земјата, Министерство за внатрешни работи, Министерство за правда, Собранието на РСМ, Академија за судии и јавни обвинители, судиите, јавните обвинители, адвокати, научни работници и истражувачи (НВО, универзитетски професори, студенти по право), граѓаните на РСМ,

Контакт:

Лејла Тутиќ – проектен координатор
e-mail: ltutic@all4fairtrials.org.mk
тел: +389 2 6139874

Донатор:

Фондација Отворено општество – Македонија

Top
Skip to content