[googlemaps https://www.google.com/maps/embed?pb=!1m18!1m12!1m3!1d1990.0549938529887!2d21.428565697555964!3d41.99323095396087!2m3!1f0!2f0!3f0!3m2!1i1024!2i768!4f13.1!3m3!1m2!1s0x0000000000000000%3A0xd367872aff144897!2sCoalition+%22All+For+Fair+Trials%22!5e1!3m2!1sen!2s!4v1458579753963&w=600&h=450]
Home / Portfolio / Корупција? Не во мојата општина!

Корупција? Не во мојата општина!

Период на реализација: јуни 2020 – март 2021

Коалицијата Сите за правично судење започна со имплементација на проектот „Корупција? Не во мојата општина!“ со финансиска поддршка од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).

Општа цел:

Зајакнувањето на граѓанското учество во борбата против корупција на локално ниво

Краткорочни цели:

  1. Да се зајакнат капацитетите на граѓаните за борба против корупција;
  2. Да се овозможи простор за унапредување на соработката помеѓу граѓаните и локалната самоуправа;

Целни групи:

  1. Локалната самоуправа во Р. Северна Македонија;
  2. Граѓани;
  3. Маргинализирани заедници (лица со посебни потреби со посебни потреби, социјално загрозени семејства, самограни родители на деца на предучилишна и училишна возраст);
  4. Урбани заедници на општината;
  5. Граѓански организации.

Проектни активности:

Обезбедување на директна помош преку правни совети и општи информации на граѓаните во врска со борбата против корупција на локално ниво со:

  1. Kреирање на онлајн сервис за поставување прашања од областа на корупција и судир на интереси (постави прашање)

Кампања за едукација на граѓаните која ќе се спроведе преку:

  1. Изработка на едукативни постери и флаери за корупција и судир на интереси;
  2. Поставување на штанд пред општината;
  3. Креирање на кратки тематски брошури/ прирачници за граѓаните во врска со препознавање на корупцијата и расположливите средства за сузбивање на истата.

Остварување соработка со локални групи на граѓани:

  1. Организирање на 4 фокус групи на тема корупција и судир на интереси со граѓани од маргинализираните заедници;
  2. Мапирање на конкретни проблеми и потреби на посебни групи на граѓани во врска со корупцијата на локално ниво;
  3. Креирање на заеднички документ за јавни политики;

Остварување на соработка со локалната власт и посредување во комуникацијата со локалната власт и локалните групи на граѓани:

  1. Изработка на анализа на квалитетот на јавните услуги и ризиците за корупција и судир на интереси на локално ниво;
  2. Организирање на тркалезна маса со претставници на локалната власт, локалната платформа, Коалицијата и други релевантни чинители.

Oчекувани резултат со реализација на проектот:

  1. Најмалку 100 жители на општина Карпош се информирани за начините за препознавање и сузбивање на корупцијата на локално ниво;
  2. Најмалку 40 граѓани се вклучиле во борбата против корупција на локално ниво;
  3. Изготвени 3 тематски брошури;
  4. Спроведени 4 фокус групи на тема корупција и судир на интереси со граѓани од маргинализирани заедници;
  5. Креиран документ за јавни политики;
  6. Изработена анализа на квалитетот на јавните услуги и ризиците за корупција и судир на интереси на локално ниво;
  7. Oрганизирана тркалезна маса со претставнци на локалната власт, локалната платформа, Коалицијата и други релевантни чинители.

Донатор: Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).

Содржината на оваа веб страница не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

 

Top