Период на имплементација: јуни 2003 – декември 2004 година
Основни цели
- зголемување на довербата на јавноста во правниот систем и судството
- идентификување на проблемите во судскиот систем
- укажување на потребата за правни и институционални реформи
- зголемување на почитувањето на стандардите за правично судење пред домашните судови
- запознавање на јавноста со стандардите за правично судење
Проектни активности
- Изработка на прирачник за набљудување на судења (во соработка со експерти на Правниот факултет Јустинијан Први при Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје, Правниот факултет при Универзитетот на Југоисточна Европа и Адвокатската комора на Република Македонија беше изработена работна верзија на прирачникот)
- Обука за теоретските и практичните аспекти на набљудувањето на судските процеси
- Набљудување на судските постапки
- Изработка на периодичен извештај произлезен врз основа на информациите собрани од прашалниците за периодот јули 2003 – јануари 2004 година, како и од податоците од месечните извештаи со локалните координатори и од извештаите од локалните правни експерти.
- Одржување на тркалезна маса
- Изработка на завршен извештај кој ги презентира податоците прибрани во набљудувачкиот процес, пооделно за секој меѓународен стандард како во кривична така и во граѓанска постапка. Притоа, направен е компаративен преглед на домашната регулатива и законската регулатива на други земји и одредбите од меѓународните документи. Од резултатите и заклучоците дадени се препораки за идни решенија кои би придонеле за доследна примена на меѓународните стандарди за правично судење.
- Прес конференција
Контакт:
Виолета Велкоска – Проектен координатор
Донатори:
- Одделот за владеење на правото на Мониторинг мисијата на ОБСЕ во Скопје
- Канадската Агенција за Меѓународен развој (CIDA)
- Фондација Институт Отворено Општество Македонија