[googlemaps https://www.google.com/maps/embed?pb=!1m18!1m12!1m3!1d1990.0549938529887!2d21.428565697555964!3d41.99323095396087!2m3!1f0!2f0!3f0!3m2!1i1024!2i768!4f13.1!3m3!1m2!1s0x0000000000000000%3A0xd367872aff144897!2sCoalition+%22All+For+Fair+Trials%22!5e1!3m2!1sen!2s!4v1458579753963&w=600&h=450]
Home / Portfolio / Зајакнување на капацитетите на локалната самоуправа за управување со човечки ресурси

Зајакнување на капацитетите на локалната самоуправа за управување со човечки ресурси

Коалицијата на здруженија на граѓани „Сите за правично судење“го спроведува проектот „ Зајакнување на капацитетите на локалната самоуправа за управување со човечки ресурси“ доделен преку Институт за европска политика – Скопје (ЕПИ), со финансиска поддршка од Европска Унија. Проектот ќе се спроведува во рамки на проектот WeBER 2.0 Зајакнување на граѓанското општество од западниот Балкан за реформирана јавна администрација во периодот од 01.06.2021 до 31.03.2022 година.

Општа цел:

  • Подобрување на процесот на вработување во јавната администрација, како предуслов за обезбедување подобар квалитет на услугите кон граѓаните.

Главни активности:

  • Прибирање на податоци од јавен карактер во поглед на вработувањето на државни службеници согласно актите за систематизација;
  • Прибирање на податоци за постапката за избор на најсоодветни кандидати за работно место;
  • Евалуација на начинот и постапката за утврдување на нивото на напредок на вработените во јавните служби;
  • Анкетирање на граѓаните кои имаат живеалиште на таргетираните општини и кои се обраќаат во општините за одреден вид на услуги;
  • Анимирање на граѓаните за РЈА со цел креирање на регионална граѓанска кампања преку интернет и снимање на лични видео приказни.

Очекувани резултати:

  • Прибрани и обработени податоци од 3 единици на локална самоуправа во врска со бројот и видот на вработените, постапката за вработување и постапката за утврдување на нивото на напредок на вработените во јавните служби во периодот од 2018 до 2021;
  • Прибрани и обработени податоци од прашалници од најмалку 30 вработени во ЕЛС во однос на нивниот степен на образование, искуство, унапредување и сл.;
  • Прибрани и обработени податоци од спроведени анкети на најмалку 200 граѓани во однос на нивната перцепција за вработените во општините, процесот за вработување и транспарентноста на ЕЛС;
  • Подигната свест на граѓаните во однос на процесот на вработување и менаџирање на човечките ресурси во ЕЛС;
  • Спроведена регионална кампања за анимирање на граѓаните за РЈА и процесот на вработување и снимени лични видео приказни на граѓаните;
  • Објавена анализа за состојбата со вработувањето во јавните служби, начинот и постапката за утврдување на нивото на напредок на вработените, како и следењето на СИГМА начелата при управување со човечки ресурси.

Целни групи: Вработени во јавната администрација, граѓаните, како и општините на територија на општина Шуто Оризари, Карпош и Аеродром.

Контакт:

Емилија Спасовска – проектен координатор

e-mail: emilija@all4fairtrials.org.mk

тел: +389 2 6139874

Донатор: Европска Унија

Давател на грант: Институт за европска политика Скопје

Top