Коалицијата „Сите за правично судење“ во соработка со Фондација Отворено општество-Македонија започна со имплементација на проектот „Зајакнување на капацитетите на истражувачките новинари во областите од Поглавјето 23, а со фокус на правосудството“ во времетраење од 1 септември 2020 до 30 јуни 2021 година, со финансиска поддршка од Фондацијата Отворено општество Македонија.
Цели на проектот:
- Зајакнување и унапредување на капацитетите на новинарите во областите од Поглавјето 23, а со фокус на правосудството, со што ќе се придонесе во објективно и непристрасно информирање на јавноста и документирање на исполнувањето на обврските на земјата и спроведените реформски процеси, како предуслов за пристапување на РСМ кон ЕУ
- Зајакнување на соработката помеѓу граѓанските организации и новинарите
- Подигнување на општата јавна свест за темите од областа на правосудството и нивното значење и влијание
Главни активности:
- Активности за градење синергии помеѓу истражувачки новинари и граѓански организации со експертиза за областите од Поглавјето 23, со фокус на правосудството и формирање на Уредувачки одбор
- Унапредување на инклузивноста и интегрираниот пристап при селекција на новинари, темите на истражувачките стории и овозможување на правна експертиза за соодветните теми
- Спроведување на 6 тематски обуки за новинари
- Подготовка на истражувачки стории (јавен повик за истражувачки стории)
- Подготовка на инфографици, летоци и онлајн квизови за преговарачките процеси и за Поглавје 23
Очекувани резултати:
- Одржани 6 тематски обуки
- Обучени најмалку 10 новинари за подготвување истражувачки стории и известување на теми поврзани со правосудството и Поглавјето 23
- Формиран Уредувачки одбор со претставници од граѓански огранизации и новинари
- Формиран Советодавен одбор
- Изготвени 10 истражувачки стории на теми поврзани со правосудството и Поглавјето 23
- Онлајн кампања за подигнување на јавната свест за темите поврзани со правосудството и Поглавјето 23
Целни групи:
- Медиуми
- Државни органи од областа на правосудството
- Граѓански сектор
- Општа јавност (граѓаните на Република Северна Македонија)
Контакт:
Ивана Петковска – проектен координатор
e-mail: ipetkovska@all4fairtrials.org.mk
тел: 070/252-993
Донатор:
Фондација Отворено општество – Македонија