Период на имплементација: јануари – декември 2005 година
Основни цели
- Зајакнување на структурата на Коалицијата со цел да се создаде почитуван и релевантен партнер и силен претставник на цивилното општество
- Развој на соработка со други надворешни и внатрешни организации, кои работат пред се на зајакнување на судскиот систем во земјата и во странство со цел размена на квалитативни информации од обостран интерес
- Поддршка во имплементација на проекти од области релевантни на мисијата и визијата на Коалицијата
- Финансиска одржливост на Коалицијата
Проектни активности
- Проценка на капацитетите и на професионалното искуство на НВО членките на Коалицијата
- Развој на комуникација на Коалицијата со НВО членките како и со други невладини организации кои работат на исто, односно слично поле на интерес
- Одржување контакти со претставници на националните владини и невладини институции
- Претставување на Коалицијата во јавноста
Контакт:
Весна Стојковска – Проектен координатор
Донатори:
- OSCE Набљудувачка Мисија во Скопје