[googlemaps https://www.google.com/maps/embed?pb=!1m18!1m12!1m3!1d1990.0549938529887!2d21.428565697555964!3d41.99323095396087!2m3!1f0!2f0!3f0!3m2!1i1024!2i768!4f13.1!3m3!1m2!1s0x0000000000000000%3A0xd367872aff144897!2sCoalition+%22All+For+Fair+Trials%22!5e1!3m2!1sen!2s!4v1458579753963&w=600&h=450]
Home / Portfolio / ЕВАЛУАЦИЈА НА СТАНДАРДИТЕ ЗА ФЕР СУДЕЊЕ И ПРИСТАП ДО ПРАВДАТА ВО СУДСКИ ПРЕДМЕТИ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО И КРИМИНАЛ ОД ОМРАЗА

ЕВАЛУАЦИЈА НА СТАНДАРДИТЕ ЗА ФЕР СУДЕЊЕ И ПРИСТАП ДО ПРАВДАТА ВО СУДСКИ ПРЕДМЕТИ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО И КРИМИНАЛ ОД ОМРАЗА

Период на имплементација: Јануари 2020 – Декември 2020

Коалицијата „Сите за правично судење“ започна со имплементација на проектот „Евалуација на стандардите за фер судење и пристап до правдата во судски предмети за семејно насилство и криминал од омраза“ во времетраење од јануари 2020 до декември 2020, поддржан од Кралство Шведска преку Шведската агенција за развој и соработка, доделенa преку „Нориската поддршка за развој на Северна Македонија“, проект имплементиран од страна на Канцеларија на Обединети нации за проектни услуги (УНОПС).

Главниот фокус на овој проект е да се продолжи со процесот на набљудување и евалуација на судските постапки и пристапот до основните човекови права, со цел да се подобри реформскиот процес на кривично-правниот систем според критериумите за пристапување во ЕУ, утврдени во Поглавје 23. Или поконкретно, во нашиот фокус ќе бидат судските постапки и пристап до правдата во случаите на семејно насилство и криминал од омраза, како и зголемувањето на јавност и транспаретноста на судските постапки. За постигнување на ова, Коалицијата ќе спроведе мониторинг на вкупно 300 рочишта за главна расправа по судски предмети за семејно насилство и криминал од омраза, на ниво на сите судови во рамки на  четирите  Апелациони подрачја (Скопје, Штип, Битола и Гостивар), но со различна методологија од редовните кривични случаи, со што ќе овозможи да се следи работењето на судовите, но исто така и да се овозможи евалуација на нивната работа со ваквите сензитивни случаи во кои постои висок ризик од прекршување на правото на фер судење. Во рамките на овој проект, Коалицијата ќе обезбеди и бесплатни правни совети и правна помош во случаи поврзани со семејно насилство и криминал од омраза. Покрај тоа, за да се зголеми јавноста и транспаретноста на судот, најмалку 500 кривични пресуди од Основниот Кривичен суд во Скопје ќе бидат аномизирани од страна на ангажирани 5 анонимизирачи за таа цел во насока да истите бидат јавно објавени. На тој начин ќе имаме целосна слика за тоа како судскиот систем обезбедува заштита за жртвите на овој вид криминал и колку навистина се почитуваат човековите права. На крајот од овој проект, Коалицијата ќе објави и финална анализа со податоци за имплементацијата на стандардите за фер судење, како и за ефективноста и ефиканоста на судовите во случаите на семејно насилство и криминал од омраза. Анализата ќе биде изготвена од страна на правен аналитичар и истражувач, ангажирани од страна на Коалцијата за потребите на овој проект.

Општа цел:

Поддршка на кривично-правните реформи со цел исполнување на пристапните критериуми на ЕУ предвидени во Поглавјето 23.

Специфични цели:

  1. Подобрување на судската постапка и пристап до правдата во случаите на семејно насилство и криминал од омраза;
  2. Подобрување на правниот публицитет и транспаретност;

Главни активности:

  1. Мониторинг на судски постапки;
  2. Олеснување на пристапот до правда во случаи на семејно насилство и криминал од омраза, преку обезбедување на бесплатна правна помош;
  3. Анонимизирање на финални судски пресуди;
  4. Активности за промоција и застапување; Жртви на семејно насилство ; Семејно насилство ; Криминал од омраза ; Бесплатна правна помош

Очекувани резултати:

  1. Една финална анализа посветена на имплементацијата на стандардите за фер судење, ефетивност и ефиканоста на судот во случаите на семејно насилство и криминал од омраза;
  2. Еден јавен настан – конференција за промоција на Анализата;
  3. Една леснопристапна канцеларија за бесплатна правна помош и правни совети, поврзани со случаи на семејно насилство и криминал од омраза на најмалку 15 луѓе;
  4. Најмалку 500 кривични судски пресуди на Основниот Кривичен Суд Скопје ќе бидат анонимизирани и објавени;
  5. Еден јавен настан за промоција на зголемениот број јавно објавени и достапни судски пресуди;

Таргет група:

Судии, обвинители, бранители, основни судови, најмалку 15 луѓе инволвирани во кривични случаи  поврзани со семејно насилство и криминал од омраза (жртви, обвинети, сведоци и сл.)

Контакт:

Лејла Тутиќ – проектен координатор

Е-маил: ltutic@all4fairtrails.org.mk

Тел. Бр. +389 2 6139874

Донатор: Кралство Шведска преку Шведската агенција за развој и соработка.

Top
Font Resize