Коалиција „Сите за правично судење” ќе го спроведува проектот До „Заробената држава’’ во Северна Македонија – судство, обвинителство, полиција финансиски поддржан од Фондација Отворено општество-Македонија. Носител на проектот е Балканска истражувачка репортерска мрежа (БИРН) од Скопје, а Коалиција „Сите за правично судење“ (КСПС), Институт за човекови права (ИЧП) и Хелсиншки комитет за човекови права (МХК) се јавуваат како партнери во проектот.
Времетраење на проектот: Април 2019 – Април 2020
Целта на проектот е да ги идентификува, преку различни студии на случај и следење на спроведување на законодавството, начините низ кои се остварува политичката контрола врз институциите (судството, обвинителството, полицијата) или начините на кои се злоупотребуваат системските слабости на владеењето на правото
Активности:
Деск-истражувања за причините и новите форми на политичко мешање во судството, полицијата и јавното обвинителство
Мониторинг и анализа на судски случаи
Новинарски истражувања, барања за пристап до информации од јавен карактер и интервјуа потребни за истражувачки стории
Активности за застапување за спроведување на препораките пред домашни и меѓународни засегнати страни:
Очекувани резултати:
Зголемен број на мониторирани и анализирани судски предмети
Зголемена транспарентност на судењата
Зголемен број на објавени истражувачки медиумски стории
Анализирана правна и институционална рамка
Објавено финално истражување/анализа
Целни групи:
Судии, судски работници, обвинители, адвокати
Граѓански сектор
Јавност