Коалицијата на здруженија на граѓани „Сите за правично судење“ со финансиска поддршка од Амбасада на САД во Северна Македонија, го спроведува проектот „ Влијанието на мерит системот врз судската независност и професионалност во Северна Македонија“ во периодот од 01.09.2020 до 31.08.2021 година.
Општа цел:
- Придонес кон подобрување на функционалната независност и професионалност на судството со поддршка на практичното спроведување на системот на заслуги за назначување, унапредување, дисциплинска одговорност и разрешување на судии.
Посебни цели:
- Поддршка на процесот на реформи во судството преку спроведување на детално истражување, следење и проценка на ефектите на процесот на реформи врз работата на Судскиот совет и Академијата за судии и јавни обвинители;
- Подигање на нивото на јавна критика, особено кај експертската јавност (правни практичари, професори по право, претставници на надлежни институции и специјализирани невладини и граѓански организации) во врска со назначување, унапредување, дисциплинска одговорност и разрешување на судии.
Главни активности:
- Мониторинг на седници на Судскиот Совет на Република Северна Македонија;
- Истражување за транспарентноста на процесот на назначување, унапредување, дисциплинска одговорност и разрешување на судии;
- Евалуација на образложенијата и оправданоста на одлуките на Судскиот совет за избор, назначување во повисок суд, како и на одлуките за дисциплински санкции;
- Следење на програмите за обука на Академијата за за судии и јавни обвинители, како и следење на тековните активности што ги спроведува Академијата.
Целни групи: Судски Совет на Република Северна Македонија, Академија за судии и јавни обвинители.
Очекувани резултати:
Длабинска анализа на работата и активностите на Судскиот совет и Академијата за судии и јавни обвинители, како и нивното влијание врз функционирањето на судството, со вклучување на повеќе аспекти, како што е индивидуалната независност и професионалноста на судиите.
Контакт:
Емилија Спасовска – проектен координатор
e-mail: emilija@all4fairtrials.org.mk
тел: +389 2 6139874
Донатор:
Амбасада на САД во Северна Македонија