[googlemaps https://www.google.com/maps/embed?pb=!1m18!1m12!1m3!1d1990.0549938529887!2d21.428565697555964!3d41.99323095396087!2m3!1f0!2f0!3f0!3m2!1i1024!2i768!4f13.1!3m3!1m2!1s0x0000000000000000%3A0xd367872aff144897!2sCoalition+%22All+For+Fair+Trials%22!5e1!3m2!1sen!2s!4v1458579753963&w=600&h=450]
Home / Portfolio / Безбедност на човекот и границите – Борба против криумчарење со мигранти во Западен Балкан

Безбедност на човекот и границите – Борба против криумчарење со мигранти во Западен Балкан

Период на имплементација:
август 2021 – јануари 2022 година

Општа цел:
Поддршка на реформските процеси во однос на имплементацијата на меѓународните стандарди за човекови права на мигрантите во Северна Македонија.

Специфични цели:
1. Eвалуација на квалитетот на законската рамка, односно законските прописи кои го регулираат проблемот на илегална миграција, со цел да се детектираат законски пропусти и ситуации кои не се регулирани со закон.
2. Eвалуација на праксата на постапување во вакви случаи, односно имплементација на законските решенија во пракса, преку увиди во завршени правосилни предмети, со цел да се увиди казнената политика и начинот на постапување во случаи поврзани со илегална миграција.

Главни активности:
1. Теренско истражување – увид во правосилно завршени судски предмети
2. Спроведување на деск-истражување
3. Спроведување на интервјуа со претставници од релевантни интституции
4. Изготвување на промотивни материјали
5. Изготвување на финална анализа

Очекувани резултати:
1. Изготвена финална анализа со наоди и препораки
2. Извршен увид во вкупно 150 правосилно завршени судски предмети
3. Обучени 5 набљудувачи – теренски истражувачи
4. Изготвени 4 промотивни летоци
5. Интервјуирани најмалку 5 лица

Крајни корисници и таргет групи:
Основен кривичен суд во Скопје, мигранти (ранливи категории на мигранти: жени, деца, лица со посебни потреби, стари лица, непридружувани малолетници и разделени деца мигранти, жртви на тортура), привремените транзитни центри (Табановце и Винојуг), други релевантни институции, правни теоретичари и истражувачи, граѓани на РСМ.

Контакт:
Проектна координаторка – Лејла Тутиќ
e-mail: ltutic@all4fairtrials.org.mk
Телефонски број: +389 2 6139874

Донатор:
Европска унија

Top