both fakerolex.is and box felt so cheap. swiss hublotwatches builders professionals devoted. reddit https://www.tagheuerwatches.to makes much account of the quality of the product. high quality it.wellreplicas.to is definitely beloved by means of best persons. truth about https://www.sevenfridayreplica.ru. artists relentlessly committed to producing reddit https://www.littlesexdoll.com/. check prices & features of yvessaintlaurentreplica.ru online.
[googlemaps https://www.google.com/maps/embed?pb=!1m18!1m12!1m3!1d1990.0549938529887!2d21.428565697555964!3d41.99323095396087!2m3!1f0!2f0!3f0!3m2!1i1024!2i768!4f13.1!3m3!1m2!1s0x0000000000000000%3A0xd367872aff144897!2sCoalition+%22All+For+Fair+Trials%22!5e1!3m2!1sen!2s!4v1458579753963&w=600&h=450]
Home / ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

1. Идентитет и контакт на податоците на Контролорот:
Назив: Коалиција на здруженија на граѓани „Сите за правично судење“
Седиште: ул.Македонија бр.11/2-10, Центар, Скопје
e-mail: contact@all4fairtrials.org.mk

2. Контакт податоци за Офицерот за заштита на личните податоци:
Име и презиме: Ивана Петковска
Тел.број: 071/218-651
e-mail: ipetkovska@all4fairtrials.org.mk

Дефиниции

„Личен податок“ е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува (субјект на лични податоци), а физичко лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на идентификатор како што се име и презиме, матичен број на граѓанинот, податоци за локација, идентификатор преку интернет, или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, генетски, ментален, економски, културен или социјален идентитет на тоа физичко лице.

„Обработка на личните податоци“ е секоја операција или збир на операции кои се извршуваат врз личните податоци, или група на лични податоци, автоматски или на друг начин, како што се: собирање, евидентирање, организирање, структурирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, увид, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, усогласување или комбинирање, ограничување, бришење или уништување.

„Збирка на лични податоци“ е структурирана група лични податоци која е достапна согласно со специфични критериуми, без оглед дали е централизирана, децентрализирана или распространета на функционална или географска основа;

„Контролор“ е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело, кое самостојно или заедно со други ги утврдува целите и начинот на обработка на личните податоци, а кога целите и начинот на обработка на личните податоци се утврдени со закон, со истиот закон се определуваат контролорот или посебните критериуми за негово определување.

„Обработувач“ е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело кое ги обработува личните податоци во име на контролорот.

„Субјект на личните податоци“ е идентификувано или физичко лице кое може да се идентификува, чии лични податоци ги обработува контролорот одговорен за обработка на личните податоци.

„Согласност“ на субјектот е секоја слободно дадена, конкретна, информирана и недвосмислена изјава на волја, преку изјава или јасно потврдено дејствие, а со кои се изразува согласност за обработка на неговите лични податоци.

„Корисник“ е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело на кое му се откриваат личните податоци без разлика дали е тоа трето лице или не. Органите на државната власт и државните органи на кои им се откриваат личните податоци во рамките на посебна истрага во согласност со закон, не се сметаат за корисници, при што обработката на овие податоци од овие органи мора да биде во согласност со важечките правила за заштита на личните податоци според целите на таа обработка.

„Посебни категории на лични податоци“ се лични податоци кои откриваат расно или етничко потекло, политички ставови, верски или филозофски убедувања или членство во синдикални организации, како и генетски податоци, биометриски податоци, податоци што се однесуваат на здравјето или податоци за сексуалниот живот или сексуалната ориентација на физичкото лице.

Сите вработени и ангажирани лица во Коалиција „Сите за правично судење“ кои вршат обработка на лични податоци, имаат обврска да ги почитуваат начелата за заштита на личните податоци, и тоа:

  • Законит, фер и транспарентен начин на обработка на личните податоци
  • Правна основа за собирање и обработка на личните податоци од страна на Коалицијата се: Законот за заштита на лични податоци, договорите кои се склучуваат во рамки на организацијата како и согласноста на странките. Коалицијата води грижа, обработката на лични податоци да се врши на транспарентен начин и субјектите на лични податоци да се информирани за деталите на истата.

Личните податоци се обработуваат само за целите за кои се собрани: остварување на права и обврски од работен однос, остварување на права и обврски од сите договори кои што се склучуваат во Коалицијата, а се однесуваат на ангажман на надворешни лица и соработници. Личните податоци се обработуваат само за целите кои се претходно дефинирани.

Исправка, измена или бришење на личните податоци

Секој субјект кој доставил лични податоци до Коалицијата има право да побара исправка, измена или бришење на неговите лични податоци на лесен и едноставен начин. Согласно законот, Коалицијата, се обврзува да направи исправка на личните податоци во рок од 15 дена од денот на поднесување на барањето или да ги избрише податоците за кои субјектот барал бришење во рок од 30 дена од денот на поднесување на барањето.

Интегритет и доверливост на личните податоци

Коалицијата „Сите за правично судење“ презема соодветни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци од незаконско откривање и уништување на податоците. Пристапот до личните податоци е ограничен на лицата на кои им е издадено овластување за обработка на лични податоци и истите се должни да постапуваат по Упатствата за заштита и обработка на личните податоци.

Ве уверуваме дека личните податоци не се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани. Роковите за чување на личните податоци се уредени со интерните акти на Коалицијата „Сите за правично судење“. Секое овластено лице кое има пристап до Вашите лични податоци потпишува Изјава со која се обврзува на тајност и заштита на личните податоци при нивната обработка.

Доколку сметате дека обработката на Вашите лични податоци од страна на Коалиција „Сите за правично судење“, не е во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци, или пак сметате дека е повредено некое Ваше право за заштита на личните податоци, имате право да поднесете барање за утврдување на прекршување на прописите за заштита на личните податоци пред Агенцијата за заштита на личните податоци. Повеќе информации можете да најдете на веб страната на Агенцијата за заштита на личните податоци: https://dzlp.mk/

Top