[googlemaps https://www.google.com/maps/embed?pb=!1m18!1m12!1m3!1d1990.0549938529887!2d21.428565697555964!3d41.99323095396087!2m3!1f0!2f0!3f0!3m2!1i1024!2i768!4f13.1!3m3!1m2!1s0x0000000000000000%3A0xd367872aff144897!2sCoalition+%22All+For+Fair+Trials%22!5e1!3m2!1sen!2s!4v1458579753963&w=600&h=450]
Home / Posts / РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО: КРИВИЧНО ДЕЛО КОЕ ОСТАНУВА ТОЛЕРИРАНО

РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО: КРИВИЧНО ДЕЛО КОЕ ОСТАНУВА ТОЛЕРИРАНО

Некои медиуми го нарекоа „хорор“, некои „грозоморно“, некои „трагедија“. Но, ретки беа јавните гласила кои лани на 10 септември го именуваа убиството во Гостивар со точното име – „фемицид“. Во потесна смисла, фемицид е намерно убиство на жена затоа што е жена. А токму таков беше случајот во Гостивар, кога 67-годишен маж со секира ја усмрти својата 60-годишна сопруга поради „меѓусебно нарушени односи“.

Дали жртвата претходно барала помош? Дали трпела насилство со години? До каде е предметот против обвинетиот убиец? До овие одговори не може да се дојде во моментов, а можеби и никогаш нема да ги разбереме. Како што велат од Основниот суд во Гостивар, јавноста е исклучена од вакви предмети бидејќи се водат како семејно насилство.

Целиот текст можете да го прочитате на следниот линк.

Автор: Гала Насева

Сторијата е изработена во рамки на проектот: „Зајакнување на капацитетите на истражувачките новинари во областите од Поглавјето 23, а со фокус на правосудството“.

Top