[googlemaps https://www.google.com/maps/embed?pb=!1m18!1m12!1m3!1d1990.0549938529887!2d21.428565697555964!3d41.99323095396087!2m3!1f0!2f0!3f0!3m2!1i1024!2i768!4f13.1!3m3!1m2!1s0x0000000000000000%3A0xd367872aff144897!2sCoalition+%22All+For+Fair+Trials%22!5e1!3m2!1sen!2s!4v1458579753963&w=600&h=450]
Home / Posts / Граѓаните треба да бидат информирани за своите права во судските постапки

Граѓаните треба да бидат информирани за своите права во судските постапки

Петковска: Граѓаните треба да бидат информирани за своите права во судските постапки

По повод Меѓународниот ден на човековите права – 10 декември, Коалицијата „Сите за правично судење“ денеска пред Основниот кривичен суд во Скопје постави штанд за делење на материјали со едукативни содржини кои нудат запознавање на граѓаните за нивните права во судските постапки, но и како да се заштитат пред судот.

Според Ивана Петковска од Коалицијата „Сите за правично судење“, потребно е да се даде значаен придонес кон заштита и почитување на човековите права во судските постапки, а граѓаните треба да бидат доволно информирани за нив.

-Мислам дека треба да дадеме особено значаен придонес кон заштита и почитување на човековите права и судските постапки како и сметаме дека граѓаните треба да бидат доволно информирани за тоа кои се нивните права, особено правата на фер и правичо судење во кривична постапка, изјави денеска Петковска.

Таа потенцира дека Коалицијата исто така има изготвено и прирачник насловен „Првпат во суд“, за тоа како тече една кривична постапка и кои се правата на граѓаните во судските постапки.

Појасни дека уште нема генерална оценка во однос на тоа како течат кривичните постапки, но во рамки на еден од проектите кои ги спроведува Коалицијата, досега имаат мониторирано 400 рочишта за судски кривични постапки.

Сепак, Петковска истакна дека работат на изготвување на анализа во која ќе бидат детектирани сите проблеми и предизвици со кои се соочуваат граѓаните за време на судските рочишта.

-Анализата ќе биде изготвена во наредниот период за тоа што е детектирано како проблеми и предизвици и во анализата ќе бидат насочени проблематиките во однос на со што се соочуваме и со што се соочивме за време на судските рочишта кои беа мониторирани од страна на 20 набљудувачи во 14 основни судови низ државата така што дополнително ќе ги објавиме и тие анализи, најави Петковска.

Извор: https://www.nezavisen.mk/

Top