[googlemaps https://www.google.com/maps/embed?pb=!1m18!1m12!1m3!1d1990.0549938529887!2d21.428565697555964!3d41.99323095396087!2m3!1f0!2f0!3f0!3m2!1i1024!2i768!4f13.1!3m3!1m2!1s0x0000000000000000%3A0xd367872aff144897!2sCoalition+%22All+For+Fair+Trials%22!5e1!3m2!1sen!2s!4v1458579753963&w=600&h=450]
Home / Posts / Јавна реакција: Институциите да ги преземат сите потребни дејствија во борбата против семејното насилство

Јавна реакција: Институциите да ги преземат сите потребни дејствија во борбата против семејното насилство

Јавна реакција

Во текот на вчерашниот ден активистката Моника Ристеска на својот Твитер профил објави фотографии дека нејзиниот татко ја нападнал и се обидел да ја убие, при што таа се здобила со скршеница на носот и дислокација на вилицата.
Коалицијата „Сите за правично судење“ остро го осудува нападот и ги повикува надлежните институции и тоа во прв план полицијата и јавното обвинителство да ги истражат околностите на случајот и да ги преземат сите потребни дејствија за поведување на постапка против сторителот, а Центарот за социјални работи да обезбеди соодветна заштита за жртвата на семејно насилство.

Top