[googlemaps https://www.google.com/maps/embed?pb=!1m18!1m12!1m3!1d1990.0549938529887!2d21.428565697555964!3d41.99323095396087!2m3!1f0!2f0!3f0!3m2!1i1024!2i768!4f13.1!3m3!1m2!1s0x0000000000000000%3A0xd367872aff144897!2sCoalition+%22All+For+Fair+Trials%22!5e1!3m2!1sen!2s!4v1458579753963&w=600&h=450]
Home / Posts / РЕАКЦИЈА ПО УКИНУВАЊЕТО НА ЗАКОНОТ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА

РЕАКЦИЈА ПО УКИНУВАЊЕТО НА ЗАКОНОТ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА

Реакција за Укинување на ЗСЗД- МЗД-Блупринт

Уставниот суд на 14тата седница одржана на 14.5.2020 година донесе одлука за укинување на Законот за спречување и заштита од дискриминација. Ваквата одлука на Уставниот суд доаѓа по иницијативата на претходниот состав на Комисијата за заштита од дискриминација за оценка на уставноста и законитоста на Законот, во која беше наведено дека оспорениот закон бил донесен спротивно на чл. 75 од Уставот на Република Северна Македонија, односно не било обезбедено потребното уставно мнозинство за повторно изгласување на Законот. Имено, Законот на 11.3.2019 година беше усвоен со вкупно 51 глас од вкупниот број на пратеници. Вака усвоениот Закон беше доставен до тогашниот претседател, Ѓорѓе Иванов за потпишување на указот, но бидејќи истиот не беше потпишан од претседателот поради името, повторно беше вратен во Собранието. Оспорениот Закон беше ставен повторно на дневен ред на 16.5.2019 година и врз основа на член 75 од Уставот Собранието повторно го разгледуваше. Законот истиот ден беше изгласан со 55 гласа, со што Законот се усвои без потребното уставно мнозинство од 61 глас.

Top
Font Resize