[googlemaps https://www.google.com/maps/embed?pb=!1m18!1m12!1m3!1d1990.0549938529887!2d21.428565697555964!3d41.99323095396087!2m3!1f0!2f0!3f0!3m2!1i1024!2i768!4f13.1!3m3!1m2!1s0x0000000000000000%3A0xd367872aff144897!2sCoalition+%22All+For+Fair+Trials%22!5e1!3m2!1sen!2s!4v1458579753963&w=600&h=450]
Home / Event / ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ПРОЕКТЕН/А АСИСТЕНТ/КА 

ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ПРОЕКТЕН/А АСИСТЕНТ/КА 

Feb
5

ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ПРОЕКТЕН/А АСИСТЕНТ/КА 

Коалицијата „Сите за правично судење“ го објавува следниот отворен повик за ангажирање на проектен/на асистент/ка кој е во рамки на проектот „Мониторинг и подобрување на капацитетите на институциите во справување со организиран криминал и корупција“ Проектот се спроведува во рамки на ИПА II 2014, Грант шема од грантовата шема „STRENGTHENING THE IMPACT OF THE CIVIL SOCIETY IN EFFECTIVE JUSTICE SECTOR REFORMS“ (EuropeAid/159467/ID/ACT/MK). Проектот е финансиран од Делегацијата на ЕУ, а е спроведуван од Секторот за централно финансирање и склучување договори, при Министерството за финансии. 

Критериумите кои треба да ги исполнува кандидатот се: 

  • Тековни или завршени постдипломски студии од областа на правото 
  • Најмалку 1 година работно искуство од областа на правото или работење во граѓански сектор (НВО) 
  • Познавање на Законот за кривична постапка 
  • Да се придржува до принципите на професионално работење, објективност и доверливост 
  • Познавање на Microsoft Office и Office 365
  • Одлично познавање на говорен и пишан англиски јазик
  • Работно искуство во граѓански сектор и работа на истражувања од областа на правото ќе се смета за предност 
  • Способност за работа во тим 

Работни задачи: 

  • Спроведување на проектни активности во координација со проектен координатор 
  • Подготовка, реализација и учество на обуки и состаноци кои произлегуваат од проектот 
  • Подготовка на содржини за зголемување на видливоста на активностите кои произлегуваат од проектот 
  • Комуникација со проектни партнери, соработници и државни институции 
  • Подготовка на извештаи за организираните активности и својата работа
  • Други активности кои произлегуваат од реализацијата на проектот
  • Теренска работа
  • Тековно канцелариско работење 

Работниот однос ќе трае од 01.03.2021 до 30.06.2021 година со можност за продолжување, а работно време ќе изнесува 40 часа неделно (од понеделник до петок). 

Рок и потребни документи за аплицирање: 

Заинтересираните кандидати за работната позиција потребно е да достават апликација составена од кратка биографија (CV) и мотивационо писмо на македонски јазик во word или pdf формат, пракачени на самиот e-mail.Рокот за пријавување е до 28.02.2021 (недела) до 23:59 часот на следната е-маил адреса: hr@all4fairtrials.org.mk со наслов: „За проектен асистент“ 

Апликациите кои нема да бидат испратени во соодветниот формат во наведениот рок нема да бидат земени предвид. 

Постапка за избор на кандидат: 

Апликациите најнапред ќе подлежат на административна проверка која опфаќа проверка на навременоста и соодветниот формат на апликациите. По разгледување на доставените апликации кандидатите со најдобро оценети апликации ќе бидат повикани на кратко тестирање и интервју за кое ќе бидат навремено известени, по што на избраниот кандидат ќе му биде понудена работната позиција. 

Top