[googlemaps https://www.google.com/maps/embed?pb=!1m18!1m12!1m3!1d1990.0549938529887!2d21.428565697555964!3d41.99323095396087!2m3!1f0!2f0!3f0!3m2!1i1024!2i768!4f13.1!3m3!1m2!1s0x0000000000000000%3A0xd367872aff144897!2sCoalition+%22All+For+Fair+Trials%22!5e1!3m2!1sen!2s!4v1458579753963&w=600&h=450]
Home / Event / Насочен повик за млади правници за пишување на стручни текстови од областа на правото со посебен фокус на правен, финансиски и физички пристап до правда

Насочен повик за млади правници за пишување на стручни текстови од областа на правото со посебен фокус на правен, финансиски и физички пристап до правда

Mar
3

Коалиција „Сите за правично судење“ во рамки на проектот „Правен, финансиски и физички пристап до правда во основните судови во Р. Северна Македонија” поддржан од УСАИД – Проект за граѓанско учество, објавува

Насочен повик за млади правници за пишување на стручни текстови од областа на правото со посебен фокус на правен, финансиски и физички пристап до правда

Стручните текстови на избраните кандидати ќе бидат објавени на Правниот блог на Коалицијата „Сите за правично судење“.  

Целта на пишувањето на стручните текстови од областа на правото е да ги зајакне капацитетите на младите дипломирани правници во нивниот професионален развој и нивните истражувачки капацитети во областа на правото со посебен фокус на праксата на Европскиот суд за човекови праваСтручните текстови објавени на Правниот блог ќе послужат за промовирање на мислења и дебата за тековните процеси во областа на правото, а воедно ќе поттикне идеи за понатамошно подобрување на правниот систем и зајакнување на младите правници во нивната секојдневна работа како идни адвокати, обвинители, судии и застапници на човековите права.  

Активноста ќе биде надгледувана од страна на двајца ментори на Коалицијата „Сите за правично судење“ кои ќе ги водат низ процесот на истражување и изготвување на стручните текстови.  

Правните текстови потребно е да бидат на теми поврзани со правниот, финансискиот и физичкиот пристап до правда. Должината на текстовите треба да 1.200 до 1.500 зборови. Избраните автори на текстовите заедно со доделените ментори ќе ја утврдат темата и насоките за пишување на стручниот текст.  

Потребни квалификации 

  • Дипломиран правник  
  • Искуство како набљудувач на Коалицијата „Сите за правично судење“  
  • Познавање на процесните закони од областа на кривичната и граѓанската постапка

Начин на аплицирање на повикот е со пополнување на образецот за пријавување и биографија на македонски јазик на мејл адресата: aspasevska@all4fairtrials.org.mk најдоцна до 18.03.2021 година со назнака: „Пријава за пишување правен текст“.  

Кандидатите ќе бидат избрани по темелна проценка на предложените планови и теми за пишување, по што за секој кандидат ќе биде назначен ментор 

За авторите предвиден е соодветен финансиски надоместок.  

Напомена: Пријавите кои што нема да бидат испратени во предвидениот рок или не се целосни нема да бидат земени предвид.

Top